Развивам специјализирани мобилни веб-портали кои им овозможуваат на вашите инсталатери, водоинсталатери, електричари и ѕидари да нарачуваат директно од градилиштето кај крајниот клиент. Заштитени цени, договорени рабати и 1-клик диспечирање до вашиот магацин.
Кога мајсторот е на објект пред сопственикот на куќата, не смее да ги покажува вашите набавни цени. Порталот што го развивам прикажува стандардни малопродажни цени за клиентот, додека заработката и рабатот на мајсторот (10%, 15%, 20%) се пресметуваат дискретно во позадина.
Наместо мајсторите да ви диктираат 30 минути на телефон нејасни спецификации („земи ми три од оние цевките со колено“), порталот генерира структурирана дигитална нарачка. Со еден клик, нарачката со точен шифрарник, димензија и количина оди директно на вашиот Viber или WhatsApp.
Инсталатерот ги додава потребните материјали за помалку од 60 секунди од телефон.
Внесува име на клиент, улица или населба за доставната служба на вашиот магацин.
Магационерите веднаш ја пакуваат робата пред мајсторот да пристигне на шалтер.
Кога на мајсторите ќе им овозможите брзо и лесно дигитално нарачување, тие престануваат да купуваат од конкурентни продавници. Вашиот магацин станува нивен главен и омилен партнер.
Отворете го живиот портал и тестирајте ги овие корисници:
elektricar / ПИН 1111 (15% Рабат)
vodovoddzija / ПИН 2222 (18% Рабат)
termo_hvac / ПИН 3333 (20% Рабат)
Контактирајте ме за имплементација на брендиран теренски портал кој ќе го елиминира хаосот со телефонски нарачки и ќе ја зголеми продажбата.