Ги заменувам бавните, застарени Windows софтвери од 90-тите со модерни, безбедни и молскавично брзи платформи. Комплетна миграција на историски артикли, комитенти, фактури и ценовници без загуба на ниту еден запис.
Најголемиот страв на секој сопственик на фирма е: „Како ќе ги префрлиме илјадниците артикли и долгови на комитентите од стариот програм?“. Јас развивам специјализирани скрипти за екстракција и валидација кои за неколку часа безбедно ги трансферираат вашите бази во новиот систем без никаков прекин на продажбата.
Традиционалните софтверски куќи наплаќаат по 2,000€ за серверска опрема и илјадници денари секој месец за т.н. „одржување“. Со решенијата што ги проектирам, кодот е ваш, податоците се на вашиот уред и нема никакви задолжителни месечни рекети за да пристапите до сопствените сметки.
Контактирајте ме за проценка на вашиот стар систем и план за брза, безболна миграција кон ново високоперформансно веб решение.